Често поставувани прашања

Телефони со месечен бонус

Одбери при-пејд пакет со мобилен телефон и сумата што ќе ја платиш (при-пејд цена) ќе ти биде вратена како бонус за разговори секој месец. Висината на бонусот зависи од при-пејд пакетот што ќе го одбереш. Бонусот ќе ти биде доделен на почетокот на месецот и треба да го искористиш во тековниот месец. Периодот во кој ќе добиваш месечен бонус изнесува 6, 12, 18 или 24 месеци, во зависност од при-пејд пакетот. Бонусот можеш да го користиш за сите при-пејд услуги на ONE (повици, СМС/ММС пораки, интернет, пакети за разговори) со исклучок на услугите со додадена вредност (наградни игри, квизови, гласање, донации). Месечниот бонус ќе започнеш да го добиваш на почетокот на првиот следен месец од активирањето на пакетот и ќе бидеш известен со СМС порака. Понудата на телефони со месечен бонус важи само со тарифниот модел ONE Mobile при-пејд.

Сите нови Mobile при-пејд корисници кои ќе одберат паметен (smart) телефон од понудата “Телефони со месечен бонус” добиваат еднократно бесплатен Mobile Net XS месечен пакет со вклучени промотивни 2 GB интернет сообраќај. По истекот на важноста на бесплатниот месечен интернет пакет, истиот автоматски се реактивира, доколку корисникот не побара да се деактивира интернет пакетот пред неговото истекување.

Бонусот важи и за неделниот при-пејд пакет кој вклучува неограничени разговори со сите ONE броеви и неделна претплата од 79 денари. За активирање на неделниот пакет испрати СМС со текст NULA START на бројот 181.

 

 При-пејд цена

Период за
доделување
на бонус
(месец)

Месечен бонус
(ден.)
Дополнителен бонус
по истекот
на периодот (ден.)
Вкупен бонус
(ден.)
Крајна цена
 
Alcatel 1010 699 10 100 0 1.000 -301
Alcatel OT-1030 1.299 12 100 199 1.399 -100
Alcatel 2000 1.799 18 100 0 1.800 0
Alcatel OT902 3.999 18 220 39 3.999 0
Alcatel OT903 4.999 24 200 190 4.990 0
Alcatel OT232 699 10 100 0 1.000 -301
Alcatel One Touch Pop C1 3.999 22 100 0

2.200

1.799

Alcatel One Touch Pop C3 4.999 24 100 0 2.400 2.599
Alcatel One Touch Pop C5 5.999 24 100 0 2.400 3.599
Alcatel One Touch Pop C7 7.499 24 150 0 3.600 3.899
Alcatel One Touch M'POP 7.499 24 200 0 4.800 2.699
Alcatel One Touch X'POP 10.599 24 200 0 4.800 5.799
Alcatel Tribe 3.999 24 100 0 2.400 1.599
Alcatel Idol Mini 7.999 24 150 0 3.600 4.399
Alcatel Idol 13.999 24 150 0 3.600 10.399
Samsung E1190 1.399 12 100 199 1.399 0
Samsung 2600 3.199 24 130 79 3.199 0
Samsung 1200 999 10 100 0 1.000 0
Samsung S3570 4.499 24 150 0 3.600 899
Samsung Rex 80 4.499 24 100 0 2.400 2.099
Samsung S5280 Galaxy Star 4.999 24 100 0 2.400 2.599
Samsung S5360 Galaxy Y 6.599 24 200 0 4.800 1.799
Samsung S5830 Galaxy Ace 10.999 24 250 0 6.000 4.999
Samsung Galaxy Pocket Neo 5.999 24 100 0 2.400 3.599
Samsung S6310 Galaxy Young 6.999 24 150 0 3.600 3.399
Samsung S6810 Galaxy Fame 9.499 24 150 0 3.600 5.899
Nokia 106 1.299 10 100 0 1.000 299
Nokia 108 1.799 10 100 0 1.000 799
Nokia 113 2.499 24 100 0 2.400 99
Nokia 301 3.999 22 100 0 2.200 1.799
Nokia Asha 203 3.999 18 220 39 3.999 0
Nokia Asha 210 3.799 24 100 0 2.400 1.399
Nokia Asha 306 4.999 24 200 190 4.990 0
Nokia Asha 311 6.999 24 250 0 6.000 999
Nokia Asha 503 5.499 24 100 0 0 3.099
Nokia Lumia 520 8.999 24 150 0 3.600 5.399
Samsung Galaxy Trend Lite 6.999 24 150 0 0 3.399
Sony Xperia Sola 14.499 24 200 0 4.800 9.699
Sony Xperia M 12.999 24 150 0 3.600 9.399
Sony Xperia L 14.999 24 200 0 4.800 9.699
ZTE Kis 5.599 24 200 0 4.800 799
ZTE Kis Lite 5.499 24 100 0 2.400 3.099
ZTE Blade Q 8.499 24 150 0 0 4.899
HTC Desire C 9.999 24 200 0 4.800 5.199
HTC Desire 200 8.999 24 150 0 3.600 5.399

Пример:

За Samsung E1190, корисникот ќе добива бонус од 150 денари во првите 11 месеци, а во 12-тиот месец ќе добие и дополнителен бонус од 199 денари. Вкупниот бонус изнесува 1.399 денари. Крајната цена на при-пејд пакетот е разлика помеѓу при-пејд цената и вкупниот бонус кој го добива корисникот.

Карактеристично за при-пејд пакетот со телефон Alcatel OT232 е дека корисникот при купувањето на пакетот плаќа 699 денари, а потоа во наредните 10 месеци ќе добива по 100 денари, или вкупно 1000 денари бонус,со што на крајот корисникот е во “плус добивка” од 301 денари.