Проверка на сметка преку ЅМЅ

Услугата за проверка на сметката преку SMS им овозможува на пост-пејд корисниците на ONE проверка на моменталната состојба на нивната сметка за тековниот календарски месец. Информацијата за моменталниот износ на сметката не ја вклучува месечната претплата и бесплатното време за разговор и е без пресметан ДДВ. Услугата е достапна без месечен надоместок, на македонски, албански и англиски јазик.

За проверка на моменталната состојба на сметката, испратете SMS порака на бројот 142 142 со содржина:

Јазик

Клучен збор

Македонски

SMETKA

Албански

LLOGARIA

Англиски

BILL

Доколку сте платежно-одговорно лице за повеќе претплатнички броеви во рамки на компанија, можете да вршите проверка на состојбата на сметката за сите броеви. За да ја проверите моменталната состојба на сметката за некој од броевите, испратете SMS порака на бројот 142 142 со содржина:

Јазик

Клучен збор

Македонски

SMETKA 075XXXXXX

Албански

LLOGARIA 075XXXXXX

Англиски

BILL 075XXXXXX

каде што 075ХХХХХХ е бројот чија моментална состојба се проверува.

Проверката на моменталната состојба на сметката преку SMS е од информативен карактер и не ја прикажува најреалната состојба на сметката, истата е најточно прикажана во фактурата.

Цената на една SMS порака е 5 денари +18%ДДВ (5,9 ден/SMS со вклучен ДДВ)

Назад