Вашата сметка во електронска форма!

Услугата e-сметка овозможува едноставен, брз и лесен увид во Вашите детални месечни сметки за мобилен телефон.

Пристапот до Вашата електронска сметка можете да го остварите преку страницата: https://moj.one.mk/index_mk.html


Покрај прегледот на фактурата, e-сметка Ви овозможува и:

  • Увид во Вашата фактура веднаш по нејзиното изготвување. Со e-сметка можете да имате увид во Вашата месечна сметка веднаш по нејзиното изготвување т.е. не мора да го чекате пристигнувањето на фактурата по пошта
  • Достапност и можност за превземање на сите фактури, тековни и минати, од моментот на активирање на услугата, поточно од моментот на добивање на лозинката
  • Преглед на корисни статистички податоци (достапни од моментот на активирање на услугата), што покрај деталниот преглед на повици подразбира и можност за анализа на одредени податоци, како на пример: просечна сметка за последните 6 месеци, статистички преглед на повици, кратки пораки и слично.

За да можете да ја користите оваа бесплатна услуга потребно е да добиете корисничко име и лозинка неопходни за пристап кон услугата. За таа цел јавете се во Центарот за грижа за корисници на бројот 181.

Назад