ONE пакет за 0 ден/мин со сите ONE корисници
Активирајте го ONE пакетот со кој ќе зборувате за 0 ден/мин со сите ONE мобилни и фиксни корисници. Пакетот е достапен за при-пејд корисниците на ONE со претплата од 79 денари и вклучува 200 минути разговор. За активирање испратете SMS порака со текст: NULA START на бројот 181. Пакетот важи во период од една недела од денот на активирање. Понудата е промотивна и важи ограничен период. Пакетот не е достапен за корисниците на тарифниот модел Mobile при-пејд X-tra.
Претплатата се одбива од сметката после активирање на пакетот. Доколку во моментот на активација кредитот на сметка е помал од износот на претплатата, пакетот нема да биде активиран.
Пакетот ќе биде автоматски обновен по првата активација, се додека корисникот има доволно кредит на сметката или доколку корисникот не изврши деактивирање на пакетот.
Активирање, проверка на рокот за користење на пакетот, проверка на расположливите минути, како и деактивирање на пакетот се врши преку:
- Бесплатни SMS пораки на бројот 181:
- За активирање испратете SMS со текст: NULA START
- За проверка на рокот за користење и расположливите минути, испратете SMS со текст: NULA STATUS
- За деактивирање, испратете SMS со текст: NULA STOP
- Продажните места на ONE
- Центарот за грижа за корисници со повикување на 181
Корисниците ќе можат да го активираат пакетот еднаш во период од една недела.
По искористувањето на минутите вклучени во пакетот, важат редовните цени за повици во мрежата на ONE, според при-пејд тарифниот модел на корисникот.
Доколку бесплатните минути не се искористат во периодот за кој важи пакетот (7 дена), истите не се префрлаат во следниот период.
При-пејд корисниците можат да користат само еден пакет за разговори истовремено.
Понудата не се однесува за повиците кон VAS услугите како и за повиците во роаминг.